Клосе фаворит да го замени Сари на клупата на Лацио

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Според „Газета дело Спорт“, поранешниот напаѓач на Лацио, Мирослав Клосе е опција да го наследи тренерот Маурицио Сари, откако италијанските медиуми објавија за разделбата меѓу 65-годишниот Сари и римскиот гигант. Се разговара за можноста тој да работи во тандем со уште еден миленик на навивачите на клубот – Томазо Роки.

Клосе, кој со Германија е светски првак од 2014 година, кариерата ја заврши во 2016 година со „орлите“. Сепак, тој нема големо искуство бидејќи само еднаш беше на чело на сениорски тим – во австрискиот Алтач, каде што помина една сезона – 2022/23. Клосе претходно беше асистент на Ханзи Флик во Баерн, како и младински тренер на Баварците до 17 години.

Томазо Роки го напушти Олимпико во 2013 година, а три години подоцна ја заврши кариерата. После тоа, тој не се занимаваше со тренер.

Сари пак беше на чело на Лацио од 2021 година и се квалификуваше за Лигата на шампионите, завршувајќи како вицешампион во Серија А минатата сезона. Тој беше под договор до 2025 година, но минатонеделниот пораз од Баерн Минхен во 1/16-финалето во Лигата на шампионите следеше по три последователни порази во Серија А, вклучувајќи го и поразот на домашен терен од Удинезе со 2-1.

Слични содржини