Околу 4.000 граѓани досега направиле увид во Избирачкиот список во подрачните единици, информираат од Државната изборна комисија. Проверката граѓаните ја прават и електронски преку веб страната на ДИК и исто така можат да поднесат и барања. На 18-ти март завршува увидот, а тогаш завршува и рокот за гласање во дијаспората.
Според информациите од ДИК за регистрација на гласачи од дијаспора, утрово таа бројка изнесува 1.010 пријавени, од кои прифатени се 617, необработени 278 и одбиени 115.
Листите на кандидати за претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19-ти март, до 24 часот.
Потребните потписи за претседател ги собраа актуелниот претседател Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија и Билјана Ванковска Цветковска од Левица