ДУИ: Обвинувањата на здружената опозиција за криза се нарачки од Русија

од Nikola Popovski
213 прегледи

Хибридната војна и предизвикувањето паника кај албанскиот електорат се зголемува уште повеќе. Неодамна албанската опозиција координирана со ВМРО-ДПМНЕ и Левица на Апасиев ги плашат Албанците обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека е подготвена да предизвика политичка криза. Истите обвинувања и дистрибуција на дезинформации секојдневно ги слушаме од ВМРО-ДПМНЕ и неговите деривати, велат од ДУИ преку соопштение.

Свесни за големиот пораз, коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ се сомнева дека коалицијата составена од, како што велат, деривати на ДУИ веќе го подготвила сценариото во служба на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да не ги прифатат изборните резултати и со тоа, предизвикувајќи дестабилизација и конфузија во јавното мислење, во служба на Русија.

-Во оваа насока беа и претходните изјави дека „опозицијата ќе ги бојкотира изборите“, за кои денеска обвинуваат дека „ДУИ подготвува дестабилизација“. Но, и покрај напорите на опозицијата, јавноста знае дека кога ДУИ организираше избори во овие 23 години, тие беа слободни, демократски и меѓународно прифатени.

Воедно, апелираме до граѓаните да не станат плен на лажни вести и специјалната војна која поттикнува говор на омраза, го загрозува евроинтегративниот пат на земјата, како и помага на дестабилизирачките руски политики во земјата. На Република Северна Македонија и е јасна својата иднина – а тоа е целосна интеграција во Европската Унија, стои во соопштението на ДУИ.

Опозицискиот фронт го вперува прстот кон ДУИ, за која велат дека имаат доволно причини да се сомневаат дека може да предизвика немири и политичка криза, откако ќе претрпи пораз на изборите.

Според портпаролот на Вреди, Орхан Муртезани, основа за сомнеж е извештајот на ОДИХР пред изборите, кој не бил позитивен за земјава.

Слични содржини