Трамп: Ниту еден американски претседател никогаш не бил на удар толку многу како јас

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека ниту еден друг претседател во историјата на Америка не бил толку напаѓан како него, наведувајќи ги како пример правните процеси и обидите за негово отповикување од функцијата додека тој беше претседател на САД.

Трамп изјави за Newsmax дека двајца други претседатели се соочиле со тешки критики – Ендрју Џексон и Абрахам Линколн, кој беше убиен.

„Никој не бил третиран вака негативно, освен Трамп“, рече поранешниот претседател, објави Вашингтон тајмс.

Слични содржини