ВРЕДИ го прифаќа барањето: ДУИ нека избере нотар и да потпишеме изјави

од Nikola Popovski
365 прегледи

Здружената албанска опозиција позната под името „ВРЕДИ“ го прифаќа предлогот на Крешник Бектеши од ДУИ за потпишување „договор“ според кој оние кои ќе ги изгубат следните избори, да се повлечат од политиката. Од коалицијата уверуваат дека по изборите, раководството на ДУИ ќе замине во политичка пензија.

-На 24 април и 8 мај Албанскиот народ ќе се потпише на потврдата за политичка пензија на Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и нивните соработници. Ваквите блеферски обиди на исплашеното раководство на ДУИ да го сокријат стравот од промените кои ќе се случат, не поминуваат никаде, бидејќи ништо повеќе не зависи од нив, велат од здружената албанска опозиција, како рекција на повикот на Бектеши за договор помеѓу партиите, оној што ќе загуби на изборите да се повлече целосно од политиката, стои во соопштението.

Од ВРЕДИ велат дека нема да дозволат „ниту најмал простор за сеење магла“.

-Ги повикуваме Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби да изберат нотар и тајминг каде ќе се потпишеме на изјави дека кој изгуби нема право да се занимава никогаш повеќе со политика, побараа од здружената албанска опозиција.

ДУИ преку Бектеши ги повика останатите партии да направат договор „тој што ќе изгуби, повеќе да не се занимава со политика“.

-Ја фрламе ракавицата, нека повелат сите партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Ако сакаат, можеме да направиме и договор. Знаат од партијата дека не можат да се мерат со ДУИ во идеи и избори. Нека повелат и јавно да потпишеме дека тој што ќе ги изгуби изборите, нема веќе да се занимава со политика. Сите изгубиле избори и тоа повеќе пати, само г-динот Ахмети не изгубил и нема да изгуби избори, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања.

Слични содржини