Имобиле нападнат пред училиштето на синот од фанови на Лацио

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, бил вербално и физички нападнат од група мажи во присуство на неговата сопруга и детето, соопшти агенцијата за управување на играчот.

Агенцијата посочи дека нападот врз италијанскиот репрезентативец, кој се случил пред училиштето на неговиот четиригодишен син, бил предизвикан од негативните коментари кои се појавиле во медиумите.

Според печатот во Италија, тој му свртел грб на главниот тренер Маурицио Сари, што доведе до оставка на стручњакот минатата недела. Голем дел од навивачите на тимот не ја прифатија со ентузијазам разделбата со Сари и сметаат дека за тоа е виновен Имобиле.

Преку своите агенти, Имобиле рече дека ќе преземе правни мерки против напаѓачите.

Слични содржини