Муслиу: По ставовите на албанските партии, внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде силен предуслов за формирање влада

од Nikola Popovski
198 прегледи

Од сите албански партии само еден лидер на помала политичка партија нема излезено со услов уставни измени за формирање влада и тоа уставни измени веднаш а не нивно некакво раводнување, рече Алберт Муслиу во интервју за Слободен печат .

,,Барем по нивните ставови внесувањето на Бугарите е апсолутен предуслов за формирање влада и ако македонската опозиција не го смени наративот и не остави простор и пред нејзините гласачи, не знам како тоа ќе се надмине. Тоа не е нешто што мислам дека албанските полиитчки партии можат да го реалтивизираат пред нивните гласачи. Многу јасни ставови им се бараат на политичарите во однос на уставните измени” посочи тој.

Муслиу вели дека не разбира зошто имало толкав отпор кај македонските политички партии за бришење на формулацијата 20 во Уставот.

,,Тие 20% се и на централно на и на локално ниво и во некои општини 20% е и за други етнички заедници” заклучи тој.

Слични содржини