Шолц го осуди терористичкиот напад врз „Крокус“

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ во близина на Москва.

Шолц на платформата „Х“ напиша дека го осудува терористичкиот напад врз невините посетители на концерт во Москва.

„Нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените“, рече Шолц, пренесе ТАСС.

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад во близина на Москва, загинале 115 лица, а повеќе од 100 се повредени, соопшти рускиот Истражен комитет.

Слични содржини