Поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој на претстојните избори е носител на листата во Изборната единица 4 денес имаше свои активност.
За истите Филипче информираше преку својот фејсбук профил каде што за оваа прилика истакна:
„Денеска во Кавадарци се сретнав со Бошко, Васко и малите Симона и Дијана. Тие се мои пациенти и драго ми е што ги видов во одлично здравје и расположение.
Ме прави неизмерно среќен кога гледам дека пациентите се добро. Посебно се радувам дека се придржуваат до препораките и го слушаат Венко
Секоја благодарност што ја добив денеска ми значи многу.
Да се биде лекар значи да им се помага на луѓето секогаш и во секое време. Благодарност до сите во Кавадарци за денешниот ден. *Фотографиите од децата се објавени со дозвола на родител