Филипче назначил нова директорка на Кожно, Цаца Билјановска и официјално разрешена

од Aleksandar Todeski

Разрешена е директорката на Кожно, Нина Цаца Билјановска која е заболена од коронавирус, а која стави во опасност околу 200 граѓани, откако со симптоми на коронавирус наместо во изолација, одела на работа и на јавни собири.

„Сакам да ве известам дека има нова директорка на Клиниката за дерматовенерологија. Сите колеги, лекари, пациенти кои имале контакт со неа се посетуваат од епидемиолози, никој нема знаци на заболување“, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот посочи дека потесното семејството на инфицираната докторка Цаца Билјановска е во изолација, но дека епидемилозите утврдиле дека нема ризик тие да бидат преносители на вирусот. Во однос на останатите членови на семејството, никој друг немал симптоми на вирус.

Слични содржини