ФФМ се огласи во врска со активностите на МВР за наместени натпревари

од Симе Стоиков
272 прегледи

Од фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вечерва излегоа со соопштение до јавноста во кое што се вели:

-Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ, потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн.

Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел.

Како што е познато Министерството за внатрешни работи, со поддршка на Јавното обвинителство за сузбивање криминал со наместени натпревари во професионалните лиги, денеска во Скопје спроведе голема акција за „чешлање“ на документација за местење натпревари во кои се вклучени македонски клубови.

Слични содржини