Филипче: Сите политики на СДСМ беа насочени кон пребродување на кризите

од Nikola Popovski
194 прегледи

Вчеравечер во Прилеп се отвори нов изборен штаб на СДСМ, каде присуствуваше и кандидатот за пратеник од Изборната единица 4, Венко Филипче.

„Пред своите сопартијци и симпатизери, тој говореше за тешкиот и кризен период од 7 години во кој владееше СДСМ, осврнувајќи се на пандемијата со Ковид 19, економската и енергетската криза. „Ниедна влада не се борела со три последователни кризи… Згора на сè, одлучно се нафативме да ги решаваме клучните стратешки прашања за земјата“, рече Филипче.

Тој зборуваше и дека ова не е алиби за дел од грешките кои СДСМ ги направи во својот мандат, меѓутоа, како што рече, е сериозна потврда за издржливоста и напорната работа која ја вложивме.

„Милиони и милиони евра директно ги вративме кај граѓаните по основ на покачени плати, финансиски олеснувања и шест пакети антикризни мерки. Сите политики на СДСМ беа насочени да може полесно заеднички сите да ги пребродиме кризите“, потсети Филипче, додавајќи дека ова не е малку, ниту било лесно и затоа, СДСМ има право да побара поддршка од граѓаните со крената глава.

Слични содржини