Пендаровски: Опозицијата наместо да се извини за 27 април, амнестијата на тие насилници ја става во изборна програма

од Vladimir Zorba
217 прегледи

„Опозициските политичари не се извинија за најсрамниот чин во историјата на македонската држава, 27 април 2017, кога за прв пат во модерната историја на Европа, една партија на власт организираше насилен бунт само за да не ја предаде власта на оние кои ја добија довербата од граѓаните“ рече претседателот Стево Пендаровски на конвецијата за промоција на кандидатурата за втор мандат.

Тој додаде дека наместо извинување, опозицијата сега амнестијата на тие насилници, кои сакаа да убиваат пратеници, ја става во изборната програма.

„Никогаш не го осудија ниту она што го направија на црниот понеделник во декември 2012 година, кога опозицијата и медиумите беа насилно истерани од Собранието. Дали е можно овие исти луѓе утре да водат поинаква политика? Не, сите ние нив премногу добро ги познаваме“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека не треба воопшто да се прогнозира какви политики ќе води опозицијата ако дојде на власт, бидејќи паметиме што се случуваше 11 години.

„Во нивните 11 години имавме заробена држава, медиуми ликвидирани со гола репресија, политички противници во затвор, новинари во затвор за напишан збор и ниту еден единствен тогашен нивен актуелен функционер во притвор“ рече Пендаровски.

Слични содржини