Три лица загинаа, а три се повредени при уривање на хеликоптер што носел скијачи до планината Петит Комбин во кантонот Вале на швајцарските Алпи, соопшти денеска локалната полиција.
„Кога стигна до врвот на планината на 3.668 метри надморска височина, од причини што истрагата ќе треба да ги утврди, леталото се лизнало по северната падина“, се вели во полициското соопштение, пренесува Гардијан.
Покрај пилотот, водичот и неговата ќерка, во леталото имало и тројца скијачи, но полицијата не го соопштува нивниот идентитет.
Во рамки на спасувачките напори на местото на несреќата биле испратени седум хеликоптери и веднаш била згрижени две повредени лица, а потоа е спасено и трето лице, соопшти полицијата.
-За жал, телата на другите тројца патници во леталото се пронајдени без знаци на живот, се вели во полициското соопштение.