Пендаровски се сретна со Пич – разговарале за актуелните случувања во Западен Балкан

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и севкупната соработка меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната британска поддршка и ангажман со цел унапредување на состојбите во повеќе клучни области, како и за континуираната посветеност на Обединетото Кралство на регионот на Западен Балкан.

Двајцата соговорници изразиja задоволство од билатералните односи меѓу двете земји и соработката во НАТО Алијансата во контекст на руската агресија и ги реафирмираа заложбите за стабилност и просперитет во поширокиот регион.

Слични содржини