Османи: Мисијата за прв претседател Албанец е дел од големиот мозаик на слободата

од Nikola Popovski
124 прегледи

Од Липково почна и се разви најголемиот напор за слобода и еднаквост. Мисијата за првиот претседател Албанец е дел од големиот мозаик на слобода, еднаквост и зајакнување на луѓето овде во Северна Македонија. Ова не се обични избори. Знам дека ние политичарите сме навикнати да велиме дека овие избори се историски, но искрено како брат ви велам дека овие избори не се обични. Од информациите што ги имам како министер за надворешни работи, од контактите и пристапот што ги имам во дипломатијата е дека на овие избори ќе се избира за судбината на иднината на нашата земја, иднината на секој од вас и секој граѓанин на нашата земја“, изјавил кандидатот на ДУИ за претседател, Бујар Османи на првиот ден од изборната кампања.

Потенцирал дека државата е на историска раскрсница, на раскрсницата каде што се наоѓаат два патишта. Според него, или ќе го дефинираме патот на светлата европска иднина или ќе го избереме патот на изолацијата.

„Овие избори се црно-бели. Од секој од нас зависи во кој правец ќе се движи нашата земја. Толку многу е направено овие години, улогата на Албанците е многу трансформирана. Знаете каква ни беше судбината. Таа судбина ја доживеав сам со моето семејство! Сами сте поминале низ тоа! Бевме потчинети, исклучени, маргинализиран народ, надвор од институциите и надвор од универзитетите, чие достоинство беше нарушено. Успеавме заедно да го институционализираме достоинството на нашата нација. И од исклучен народ да станеме народ со премиер. Оваа мисија не е завршена“, посочил Османи.

Слични содржини