Вархеји: Нема да се промени преговарачката рамка за С. Македонија

од Nikola Popovski
232 прегледи

„Критериумите за членство на С. Македонија во ЕУ се многу јасни. Не очекувам некаква промена во преговарачката рамка. Мислам дека земјите-членки не сакаат да ги ревидираат условите“, изјавил еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји во интервју за бугарската новинска агенција „БГНЕС“.

Запрашан дали постои некаква можност за промена на условите што С. Македонија треба да ги исполни на патот кон полноправно членство во Унијата, еврокомесарот одговорил:

„Критериумите се многу јасни од 2022 година кога беше усвоена преговарачката рамка. Тие мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите-членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие мора да се исполнат. Се надевам дека веднаш по изборите новата влада во С. Македонија ќе ја преземе оваа работа и ќе продолжиме со исполнување на критериумите“, додал меѓу другото Вархеји во интервјуто.

Вархеји денеска е во официјална посета на Софија каде што остварил средба со бугарскиот претседател, Румен Радев.

Слични содржини