Силвестер Сталоне мета на обвинувања: Ги нарекол актерите дебели и грди

од Симе Стоиков
218 прегледи

Силвестер Сталоне беше обвинет дека ги омаловажувал колегите на снимањето на серијата „Тулса Кинг“.

„Парамаунт“ ги истражува наводите дека Силвестер Сталоне ги омаловажувал актерите на сетот на „Тулса Кинг“.

Овие тврдења најпрво се појавија на социјалните мрежи, при што Сталоне, наводно, ги нарекол статистите како грди, дебели и буриња со мас.

„Доведете убави млади девојки да бидат околу мене“, наводно му рекол Сталоне на режисерот на серијата.

Режисерот истакна дека такви навреди никогаш не биле искажани, а се се случувало на Фејсбук, во групи каде што статистите пишувале за нивните искуства од снимањето.

Слични содржини