Американската војска пресретнала 80 беспилотни летала и шест проектили лансирани од Иран и Јемен кон Израел

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Американските сили поддржани од разурнувачите на американската европска команда уништиле повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички проектили насочени кон Израел од Иран и Јемен ноќта меѓу саботата и неделата, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

Во објава на мрежата X, ЦЕНТКОМ ја повтори својата поддршка за Израел во одбраната од „опасни дејствија на Иран“.

„Ќе продолжиме да работиме со сите наши регионални партнери за зголемување на регионалната безбедност“, соопшти американската војска.

Осумдесет дронови сочинуваат речиси половина од 170-те беспилотни летала за кои израелските одбранбени сили тврдат дека Иран насочил кон Израел.

Слични содржини