ДЗС: Се намалува бројот на училишта и ученици

од Nikola Popovski
198 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 182 245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3,9% во однос на претходната учебна година.

Вкупно 14 училишта во Македонија се затвориле во период од само една учебна година, покажуваат најновите бројки за бројот на училишта.

Намален е и бројот на специјални основни училишта, кои сега на територијата на Македонија се 35, а паѓа и бројот на паралелки и ученици, односно за една година, бројот на паралелки се намалил од 11.057 на 10.997, додека пак бројот на ученици од 184.910 на 182.245. Единствено што е во пораст е бројот на наставници во основното образование, од 19.326 на 19.609 наставници.

Слични содржини