Сателитски снимки покажуваат штета во иранска база по израелскиот напад

од Vladimir Zorba
520 прегледи

Иранскиот опозициски медиум „Iran International“ објави фотографии од иранската воена база во Исфахан пред и по нападот извршен во петокот врз таа база, а сателитски снимки покажуваат дека е погоден централниот дел на системот за противвоздушна одбрана, пишува Times of Israel.

Двајца ирански официјални лица изјавија дека во нападот бил погоден систем за противвоздушна одбрана од руско производство и истакнаа дека Иран не открил упади од беспилотни летала, проектили или авиони во воздушниот простор на земјата.

BBC Verify анализира две фотографии на кои се гледа и оштетен дел од системот за противвоздушна одбрана на аеродромот во Исфахан.

Слични содржини