ДИК со најнов пресек за излезноста до 15 часот

од Nikola Popovski
219 прегледи

Државната изборна комисија го објави најновиот пресек за излезноста на гласачите. До 15 часот на првиот круг од претседателските избори гласале 564.010 граѓани или 34,99% од вкупниот број избирачи.

Според податоците за излезеност коишто се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69%, додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

До 13 часот на територијата на целата држава гласале 26,35 насто од запишаните гласачи. Според досега обработените податоци најмногу гласале во Новаци, 42,87 проценти, а најмала излезеност има Врапчиште со 10,18 проценти. Право на глас до 13:00 часот оствариле 417.170 граѓани.

До 13 часот во ДИК се пристигнати 140 приговори за правото на гласање. Од нив, 16 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, девет се отфрлени, осум како неуредни, а другите се во обработка, информираше претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски претходно на прес-конференција посочи дека не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето кое генерално се одвива мирно и без проблеми.

Слични содржини