На две избирачки места во Куманово поради нефункционирање на УБИГ апаратите не се отворени навреме избирачки места, во едно место 1090 изгубен е печатот, информираа денеска од ОИК Куманово.
Се работи за избирачки места во гимназијата „Гоце Делчев“ и во селата Брзак и Умин Дол.
„Утринава во Куманово отворени беа 164 од 167 избирачки места. Три не се отворени. На избирачкото место 1.075 УБИГ апаратот не беше во функција подолго од три часа и покрај сите обиди да се донесат нови. Истото се случи и на гласачкото место 1.100. Во избирачкото место 1.090 изгубен е печатот“, истакна Елизабета Стојковска, претседателка на Општинската изборна комисија.
Бидејќи техничките проблеми не се решиле за три часа, со одлука на Државната изборна комиисја (ДИК) гласањето е прекинато и ќе биде повторено во наредниот период.
Во однос на останатите места нема некоја посебна забелешка освен за УБИГ апаратите во некои места.