Вицепремиерот Артан Груби не гласаше на претседателските избори. Тој беше вклучен во живо преку неговиот Фејсбук профил во моментите на гласањето и во видеото јасно се гледа дека Груби на членовите на комисијата им вели дека ќе гласа на парламентарите избори, а потоа на снимката се гледа и дека става ливче само во кутијата за парламентари избори.
Инаку до 13 часот на претседателските избори гласале 302.158 односно 23.95 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Најголема излезеност за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто. Најмалата излезеност за Претседателските избори е во Липково, со 3.28 отсто.
Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезноста од 3.49 отсто на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.7 отсто, наведува ДИК.
Најмала излезност на претседателските избори има во средините каде што доминира албанското население.