Кузеска: СДСМ и кандидатот кој го поддржува повикувавме на масовност од самиот почеток, не сме кочничари на демократските процеси

од Nikola Popovski
433 прегледи

Секоја партијакако настапи на изборите треба да одговори пред себе и пред граѓаните. СДСМ и кандидатот кој што го поддржува на претседателските избори, повикуваа на масовност и граѓаните да го искористат своето право на глас, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, запрашана за т.н. скриен бојкот, пред се кај општините со доминантно албанско население.

Според Кузеска, СДСМ никогаш не бил кочничар на демократските процеси и на било кој процеси кои ја носат државата напред.

-Благодарност до сите граѓаните кои што го искористија правото на глас, изјави Кузеска.

-Правото на глас и слободно одлучување се најзначајни придобивки во демократијата. Благодарност до сите граѓани кои гласаа. Граѓаните покажаа демократски капацитет, а институциите зрелост, додаде Кузеска.

Дел од гласачите гласаа само за парламентарните избори, а не го земаа ливчето за претседателските избори.

Слични содржини