„Кејн згреши со трансферот во Баерн“

од Vladimir Zorba
697 прегледи

Поранешниот англиски напаѓач Мајкл Овен го критикуваше Хари Кејн за неговата одлука да премине во Баерн Минхен минатото лето. Според него, ова било грешка, судејќи според резултатите на тимот оваа сезона.

„Кога му се приклучи на Баерн, уште тогаш мислев дека тоа е грешка. Да ме интервјуиравте пред три или четири месеци, ќе кажев дека тоа е фантастично предвидување со оглед на тоа колку се назад на табелата“, рече Овен.

„Сè уште верувам дека згреши. Кога го напуштив Ливерпул за да заминам во Реал Мадрид, тие беа просечен тим во последните 25 години. Но, тогаш ја освоивме Лигата на шампионите. Да останеше во Тотенхем, Кејн можеше да стане најдобар стрелец на сите времиња и да игра во многу возбудлив тим кој со негова помош сигурно ќе беше во Топ 4, а сега ќе беше на четири натпревари да стане слободен агент да може да прави што сака“, додаде Овен.

Слични содржини