Мелинда Гејтс ја напушта Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс

од Илинка Илиоска
175 прегледи

Мелинда Френч Гејтс изјави дека се повлекува од позицијата на копретседател на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Нејзниот последен работен ден во фондацијата ќе биде 7 јуни, според нејзиниот пост на Х.

„Ова не е одлука што ја донесов лесно. Неизмерно сум горда на она што го изградивме јас и Бил заедно и на извонредната работа што Фондацијата ја прави за да излезе на крај со нееднаквоста во светот“, наведе таа.

Милијардерите Бил и Мелинда Гејтс, коосновачи на една од најголемите правни добротворни фондации на светот, поднесоа барање за развод во 2021 година по 27 години брак, ама се обврзаа дека ќе продолжат со заедничката филантропска работа.

Фондацијата е една од најмоќните и највлијателните сили во глобалниот свет на здравјето, која донираше повеќе од 50 милијарди долари во последните две децении во борбата против сиромаштијата и болестите.

Слични содржини