Сега и официјално: По 27 години, Бил и Мелинда Гејтс се разведоа!

од Nikola Popovski

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс (65) и Мелинда Гејтс (56) се договорија за разводот и се согласија дека ниту една од страните нема да добие алиментација, пишува US Weekly, повикувајќи се на судски документи.

Според поднесокот, судот утврдил дека нивниот „брак е неповратно уништен“ и дека целиот имот ќе биде поделен во согласност со специјалниот „договор за разделба“.

Иако двојката има три возрасни деца, во документите за развод не се споменува издржување или старателство.

Се претпоставува дека Мелинда Гејтс може да добие половина од богатството на нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, кое се проценува помеѓу 124 и 131 милијарди долари.

Бракот на Гејтс официјално заврши скоро три месеци откако и двајцата објавија дека се разведуваат на социјалните мрежи.

Бил и Мелинда Гејтс објавија заедничка изјава во мај дека одлучиле да стават крај на 27-годишниот брак „по многу размислување и многу работа на врската“.

Слични содржини