Претседателот на ДУИ, Али Ахмети порачал дека нема причина за разрешување на Артан Груби, Фатмир Бесими и Назим Буши од партиските функции.
Запрашан дали ќе ги разреши од функциите во партијата поради одговорноста за изборниот резултат, Ахмети истакнал дека тие ќе продолжат да бидат во партијата од Мала Речица бидејќи не гледа причина за нивно разрешување.
На денешната прес-конференција во седиштето на ДУИ, Ахмети исто така остро ги обвини албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор.
За Европскиот фронт, според Ахмети, неприфатливо е коалицијата (ВЛЕН) која освоила помал број мандати да стане дел од владата. Ахмети ги повика граѓаните да се приклучат на Европскиот фронт во битката за почитување на легитимноста на слободниот глас.