Филипче: Освен со Заев, имам одлични релации со сите во СДСМ – ниту еден член на партијата нема да биде на страна

од Nikola Popovski
2,7K прегледи

Овој ден означува симболичен почеток на реформа и промена во партијата. Со кандидатурата, ќе поднесам и програма врз која ќе работам доколку бидам избран за лидер на партијата. Програмата се состои од информации, сугестии и барања од огромен број на наши членови. Тие јасно укажаа што е тоа што треба да се промени во партијата, изјави пратеникот на СДСМ, Венко Филипче кој денеска ја поднесе кандидатурата за нов лидер на партијата.

Порача дека во трката влегува сам и секој кој што ќе биде избран за претседател, тимот да го направи после изборот. Вели дека нема никакви преговори со никого.

-Резултатите ќе ги видат многу рано и ниту еден член на партијата нема да остане на страна или да не биде исконтактиран. На тие кои што ќе бидат дел од тимот, можам да им ветам само многу работа. Сметам дека направив програма која излезе од барањата на членовите. Ги разбрав и внесов во програмата се што бараат – отвореност, транспарентност, достапност, а јас имам таков терк на работа, кажа Филипче во изјава за медиумите.

-Сметам дека изборните резултати ја клекнаа партијата на колена. СДСМ ќе опстои и повторно ќе биде победничка партија. Тоа што имам одлични релации со Зоран Заев, пред се говори за мене. Имам одлични релации и со останатите претходни претседатели на партијата и со други претходни функционери. Сите добри релации се всушност од еден од предуслови за обединувањето се случи многу брзо, додаде поранешниот прв човек на ресорот здравство.

Слични содржини