„Адреналинот ми течеше низ вените“: Порзингис пресреќен што се врати на теренот

од Vladimir Zorba
3,6K прегледи

Бостон Селтикс го победија Далас Маверикс со 107:89 (37:20, 26:22, 23:24, 21:23) и поведоа со 1:0 во серијата и дојдоа на чекор до освојување на титулата во НБА.

Еден од најдобрите играчи во редовите на „Селтик“ беше повратникот на теренот Кристап Порзингис. Летонецот придонесе од клупата во форма на 20 поени и шест скока против тимот чиј дрес го носеше пред неколку сезони.

Ова беше и прв натпревар за Порзингис од 30 април, кога се повреди во првото коло од плеј-офот против Мајами Хит.

„Она што ми помогна беше поддршката што ја добив уште пред почетокот на натпреварот. Адреналинот ми течеше низ вените и тоа ми помогна. Не беше идеално што бев надвор толку долго, но направив се за психички да се подготвам за овој момент и да се вратам. На крајот се исплатеше. Ние ја завршивме работата вечерва, имавме добар натпревар и задоволни сме со резултатот“, рече Порзингис.

Вториот натпревар од финалето ќе се игра ноќта меѓу недела и понеделник од 02.00 часот.

Слични содржини