Дончиќ остана без Порзингис

од Nikola Popovski

Далас Мавериск реши да го трампа Кристапс Порзингис, кој беше најдобар играч на тимот заедно со Лука Дончиќ.

Според информациите кои ги објави „The Atletic“, Летонецот заминал во Вашингтон, додека Спенсер Динвиди и поранешниот кошаркар на Партизан Дејвис Бертанс ќе пристигнат во Далас.

Порзингис минатата сезона се здоби со многу повреди, а претходните години не беше во составот за клучните натпревари во плеј-офот.

Сезонава на клупата на Маверикс пристигна Џејсон Кид, кој во неколку наврати истакна дека Летонецот може да биде клучната „шраф“ на овој тим.

Се покажа дека тоа не е така, па Далас сега ја смени тактиката и наместо висок играч донесе двајца квалитетни бекови.

Маверикс моментално се на скор 32-23 и се на петтото место во Западната конференција, додека Вашингтон е 11-ти на Истокот со скор 24-29.

Слични содржини