Дали зголемувањето на бројот на министерства отвора врати за нови вработувања во јавниот сектор, прашува Деспотовски

од Nikola Popovski
3,1K прегледи

Директорот на ТИРЗ и еден од кандидатите за нов лидер на СДСМ, Јован Деспотовски смета дека погрешна е дилемата дали се оправдани повеќе или помалку министерства во владата. Според него, клучното прашање е дали ова отвора врати за нови вработувања во јавниот сектор.

-Ако да, СДСМ треба односно требаше да побара со новите закони:

1.⁠ ⁠да се регулира статусот на сите оние што се на договор или на определено, а кои сега стравуваат за своите работни места (такви имаме навистина многу)

2.⁠ ⁠⁠да се ограничат сите нови вработувања и

3.⁠ ⁠да се побара одговор дали и како со новите институции граѓаните ќе добијат подобра услуга од државата.

Со мудар пристап секогаш можат да се заштитат и граѓаните и јавниот интерес, стои во објавата на Деспотовски на социјалните мрежи.

Покрај Деспотовски, и Венко Филипче, Славјанка Петровска и Александар Бајдевски се четворицата претенденти за тронот во партијата. Како и во секој изборен процес и во овој внатрепартиски, сите четворица велат дека ќе обрнат поголемо внимание на гласот на членството кое било подзаборавено во политичките процеси.

Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера укажа дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски, се носи со двотретинско мнозинство. Согласно член 75 од Уставот, претседателот нема право на вето укна истиот, односно е должен да го потпише указот.

Со 88 гласа „за“, во саботата изутрина беа изгласани измените на Законот за државна управа. Со реорганизацијата бројот на министерства се зголемува на 20. Се формираат четири нови.

Слични содржини