3,K
Министерството за внатрешни работи излезе со детали за синоќешната страшна сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода. Според информациите, тешко повредено е 20-годишно момче кое управувало со возилото.
– На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопштија од МВР.
Според фотографијата објавена на социјалните мрежи, возилото било преполовено поради ударот кај скопска Цементарница, при што момчето со крајни напори било извлечено.