Невремето ја прекина собраниската дебата за новата Влада

од Nikola Popovski
3,K прегледи

Собраниската седница, на која треба да биде избрана новата влада, е прекината откако снема струја во зградата на Парламентот. Во моментов е дадена пауза.

Оттаму велат дека седницата ќе продолжи откако ќе се надминат техничките проблеми предизвикани од невремето во Скопје.

Попладнево скопскиот регион е зафатен од силно невреме проследено со врнежи од дожд, град, силен ветер и јаки грмотевици. Претходно невреме го зафати и Тетово и околината.

Дебатата во Парламентот за изборот на новата влада започна вчера. За таа да биде избрана потребни се 61 глас „за“. Седницата треба да заврши најдоцна до полноќ што значи дека од утре, 24-ти јуни, новиот премиер и министрите треба да започнат со работа.

Слични содржини