Коњ ја удри принцезата Ана, итно е примена во болница

од Илинка Илиоска
3,3K прегледи

Британската принцеза Ана се здобила со „лесни повреди и потрес на мозокот“ по инцидентот на нејзиниот имот во паркот Геткомб минатата ноќ и во моментот е во болница, соопшти Бакингемската палата.

„Принцезата Ана се здоби со полесни повреди и потрес на мозокот по инцидентот на имотот парк Геткомб вчера вечерта. Нејзиното кралско височество останува во болницата Саутмед во Бристол, како мерка на претпазливост поради набљудување и се очекува целосно и брзо закрепнување“, соопштиле палатата.

Во соопштението се истакнува дека кралот Чарлс бил информиран за повредите на својата сестра, пишува „Скај њуз“.

„Целото кралско семејство е со принцезата и се надеваат на нејзино брзо закрепнување“, додале од Бакингемската палата.

„Нејзиното кралско височество останува во болницата Саутмед, Бристол, како мерка на претпазливост поради набљудување и се очекува целосно и брзо закрепнување. Кралот е детално информиран и се придружува на целото кралско семејство во испраќањето љубов и најдобри желби за брзо закрепнување на принцезата“, се додава.

Принцезата Ана (73) е помладата сестра на кралот Чарлс Трети.

Слични содржини