Во интервју за Канал 5 кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска на прашањето дали поранешниот претседател Зоран Заев застанал зад кандидатот Венко Филипче и дали таквата поддршка му дава предност на Филипче, Петровска оцени дека тоа може да придонесе за дополнителни поделби внатре во партијата.
„Застанувањето на кој било од поранешните претседатели зад кој било од сегашните кандидати, мислам само дека дополнително да ја подели партијата и мислам дека може да го отежни процесот на легитимен избор на претседател. Јас ги почитувам сите поранешни претседатели на СДСМ затоа што оставиле свој белег во партијата и во државата, меѓутоа мене ми треба поддршката на членството” рече Петровска.
Петровска порача дека доколку не победи на изборите, тогаш нема да бара никаква функција туку дека ќе остане член и пратеничка на СДСМ во Собранието.