Ова е најдоброто нешто што можете да го направите за да воспитате издржливи деца, според психолог

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Секој родител прави грешки. Не стресувајте се за тоа. Тоа не е само флоскула, туку советот на развојниот психолог Ализе Пресман, која зборуваше на фестивалот „Аспен идеи“ во понеделникот за тоа како да се воспитуваат издржливи деца.

„Храбро е да се биде родител. Немате друг избор освен да грешите. Така најдоброто нешто што можеме да направиме е да почнеме тоа да го моделираме како нормално однесување“, рече Пресман.

Нејзината препорака е да им покаже на децата дека е во ред да се прават грешки и да се учи од нив. Од друга страна, вели дека не треба да им кажуваме на децата да не се под стрес или да се расположуваат кога им е тешко.

„Само погрижете се да се чувствуваат сакани такви какви што се, да се чувствуваат безбедно да ги споделат своите чувства и да се чувствуваат удобно во сопствената кожа“, додаде таа.

Учењето да управуваат со тешките емоции во стресни ситуации им помага на децата да развијат издржливост што им е потребна за да прераснат во среќни, успешни возрасни.

„Апсолутно ни треба одреден стрес за да изградиме отпорност“, истакнува Пресман.

Карактеристиката на здраво, издржливо дете е тоа што може да помине низ стресна или разочарувачка ситуација, како што е пад на тест или расправија со добар пријател, а сепак да се врати назад.

„Тоа е издржливост: враќање по неуспех, стрес, дури и траума“, истакна психологот.

Се разбира, постојаниот стрес е нездрав. Во повеќето ситуации, треба да одиме кај нашето дете за да видиме како му оди и да му дадеме до знаење дека го сакаме и го поддржуваме, без разлика на се.

„Тоа е доволно за стресот да не стане токсичен и да стане грижа за менталното здравје. Во суштина, само треба да бидете присутни“, заклучила таа.

Слични содржини