Мадиќ: СДСМ подготвен за внатрепартиските избори, ќе се гласа на 77 избирачки места

од Nikola Popovski
57 прегледи

СДСМ целосно е подготвен за демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата кои ќе се одржат во недела, порача денеска Викторија Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија во СДСМ.

Според неа, ЦИК во изминатиот период напорно работеше за да може да спроведе легитимен, транспаретен и демократски процес. Пред се на регистрација на членовите кои ќе се најдат на избирачкиот список, како и промоција на програмите на кандидатите пред членовите.

-Го следевте сите 4 кандидати, им беше обезбедено да може да се промовираат во 8 региони. Централната изборна комисија по продолжување на рокот за активна регистрација, по барање на општинските организации, на 23ти го затвори избирачкиот список. Добивме приговори од одредени општински организации, дел од нив беа прифатени, дел не беа, зависно од одредбите на Статутот, Правилниците и одлуките донесени од Централниот одбор.
Може да соопштиме дека избирачкиот список којшто ќе се најде на избирачките места во недела ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ и ќе може да го остварат своето право и да гласаат на 77 избирачки места, истакна Мадиќ во своето обраќање.

Слични содржини