Агелер на годишнината од независноста на САД: Америка е посилна затоа што има пријатели и сојузници како С. Македонија

од Nikola Popovski
179 прегледи

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, на церемонијата на годишнината од независноста на САД што се одржа во Скопје, зборуваше за демократијата и изборите што годинава се одржуваат во над 90 земји.

Таа истакнала дека најсилните демократии се прават со обединување, при што додала дека САД се посилни затоа што имаат пријатели и сојузници како Северна Македонија.

„Генерално, изборите се базираат на различни мислења, приоритети и индивидуални цели. Можеби се тешки, но кога ќе завршат, императив е да се вратиме на она што нашиот претседател Абрахам Линколн го нарече „подобрите ангели на нашата природа“. Повторно да се обединиме како народ и да работиме за доброто на граѓаните. Ова важи овде како што ќе се применува во САД во ноември. Затоа, ви честитам вам и на вашата влада што го правите ова.

Околу нас гледаме свет кој се менува. Повеќе гласачи од кога било имаат право да гласаат во 2024 година во над 90 земји и во ЕУ, дури и во време на војна. Сега се потсетив дека најсилните демократии не успеваат сами. Кога сме обединети сме посилни. САД се посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија. Господ нека ги благослови САД и Северна Македонија“, кажала меѓу другото Агелер во обраќањето пред присутните на церемонијата која се одржа во Амбасадата на САД во Скопје.

Со огномет во присуство на партнери и пријатели беше одбележан 4-ти јули.

Слични содржини