Изгоре казино во Тетово

од Nikola Popovski
134 прегледи

На 07.07.2024 година во 12:15 часот во СВР Тетово, пријавено е дека околу 11:30 часот на улицата „133“ во Тетово, се проширил пожар во казино, сопственост на С.М. (28) од Тетово, кое во моментов е затворено и не работи.

Повредени нема, но пожарот предизвикал оштетување на патничко возило „Поло“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.Т.(44) од Тетово. Пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

Слични содржини