ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз ДКСК да го скрие случајот со патувањето на синот на Мицкоски во САД, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
80 прегледи

Од СДСМ велат дека, според информациите кои доаѓаат до нив, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски вршат притисок врз ДКСК за да се заташка случајот со истрагат околу патувањето на неговиот син во Вашингтон.

-Мицкоски веќе трет ден бега и се крие да објави приватни сметки кои тврди дека ги платил лично за патувањето, што јасно укажува дека тоа не го направил.

СДСМ поднесе барање до сите институции за пристап до информации од јавен карактер, па да видиме дали ќе се одважат конечно да ги објават податоците кој се шетал на сметка на граѓаните во САД.

Според нашите сознанија има уште неколку работи кои се интересни за јавноста за оваа прошетка на Мицкоски кои се држат во тајност. Но, СДСМ набрзо ќе ги открие, велат од партијата од „Бихаќка“.

Државната комисија за спречување на коруцијата (ДКСК) веќе оформи предмет по допрен глас за патувањето.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека синот на Мицкоски не бил дел од официјалната делегација и дека сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицкоски.

-Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација. Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку соопштение ги отфрли тврдењата на СДСМ. Истовремено, информираат дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрошени средства од Буџетот на Република Северна Македонија.

Слични содржини