Престрелка во Чаир: Син на сопственик на чајџилница тешко ранет во обид за семејно помирување

од Илинка Илиоска
1,2K прегледи

Син на сопственик на популарна чајџилница е ранет при престрелка која се случи синоќа во Чаир. Првичните неофицијални информации укажуваат дека инцидентот е поврзан со обид за помирување меѓу две семејства, од кои едното е од Сингелиќ.

Полицијата дознала за настанот по пријава на жител на Чаир кој чул пукање на улицата „Дижонска“. Сведоци потврдуваат дека на местото на настанот имало траги од крв.

Ранетиот е во стабилна состојба, а МВР работи на откривање на деталите за идентификација на сторителот.

Слични содржини