79
По синоќешното пукање во скопската населба Чаир, МВР утринава излезе со информации. Познат е идентитетот на ранетиот при престрелката.
-Во ГОБ Наум Охридски бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје, информираат од полицијата.
Првичните неофицијални информации укажуваат дека инцидентот е поврзан со обид за помирување меѓу две семејства, од кои едното е од Сингелиќ.
Се наведува дека е ранетиот е син на сопственик на популарна чајџилница во Чаир.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.