Курти за апсењето на Рамадани: Во комуникација сме со македонската Влада за да нема потчинување на српската агресивност

од Nikola Popovski
229 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изјавил дека Министерството за правда на Косово е во контакт со македонската Влада за да дознае повеќе околу апсењето на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, кој беше лишен од слобода поради српска потерница за негова екстрадиција.

„Нашето Министерство за правда е во комуникација со Владата на Северна Македонија за да дознаеме повеќе за косовскиот државјанин кој се наоѓа таму во притвор и дека нема да дојде до потчинување на агресивноста на Србија кон Косово што се рефлектира преку потерниците за апсење за нашите граѓани“, рекол Курти на денешната прес-конференција.

Претходно, амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја уверил дека Македонија нема да го екстрадира Рамадани во Србија, пренесе косовска „Газета Експрес“.

Поранешниот војник на ОВК (УЧК), Бљерим Рамадани, е приведен од македонското МВР, по потерница распишана од Србија. Веста синоќа ја потврдиле од косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора.

Рамадани е поранешен припадник на оперативната зона „Неродиме“ при ОВК. Потерницата за него е поради извршени воени злосторства за време на војната во 1999 година.

Слични содржини