Владата станува марионета на Србија, вели Дураку од „Европскиот фронт“ за апсењето на екс-членот на ОВК

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Пратеничката група на коалицијата „Европски фронт“, предводени од партијата ДУИ, смета дека Владата станува марионета на Србија. Ваквиот став следува откако денеска беа запрашани околу апсењето на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од страна на македонската полиција, баран со потерница од Србија.

„Сè уште на вознемирениот Балкан и во регионот немаме мир меѓу населението и некој сака да се бунтува и да прави глупости. Вие сте сведок на тоа што е сега оваа власт, која за жал ја игра играта на другите и станува пион на други и пион на Србија. За жал, тие спроведуваат некои работи кои би можеле да се поминат со елеганција и војниците на ОВК да можат слободно да се движат низ Македонија. Но, ова е влада која е докажана и се додека ние имаме министер кој е поддржувач на Путин и министер кој не прифаќа независно Косово, вакви работи ќе ни се случуваат“, рече пратеникот на ДУИ, Садула Дураку на албански јазик за присутните новинари на прес-конференцијата во Собранието.

Запрашан од еден од новинарите, дали може истиот одговор да го каже на македонски јазик, Дураку изјави:

„Имате превод и преведете. Албанскиот јазик е службен јазик“.

Слични содржини