64
СДСМ денеска обвини дека премиерот Христијан Мицкоски милува да патува во бизнис класа. Од најголемата опозициска партија го прашуваат премиерот дали е точно дека тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра на сметка на граѓаните?
-Ако е точно, да излезе и да објасни за тоа уште еднаш што претставува душманско трошење на парите на граѓаните. Додека во кампањата имаше уста полна одговорност и транспарентност, сега гледаме расфрлање, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа и буквално никаква грижа за граѓаните, стои во партиското соопштение.