Нормализиран е сообраќајот на ГП „Евзони“ за влез во Грција. На граничниот премин „Богородица“ исто така без проблеми и со вообичаена динамика за овој период од годината, информираа од МВР откако денеска паднал системот на грчката страна од границата што довело до огромни гужви и чекање до 3 часа.
Директорот на Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции (Јута), Александар Сеничиќ за српските медиуми соопштил дека во моментов се функционира нормално, а, според него, гужвите се создале и поради големиот наплив на туристи. Тој изјавил дека оваа информација ја добил од Грчката Национална туристичка организација и од полицијата од граничниот премин „Евзони“ меѓу Грција и Македонија.
Во моментов, според она што може да се забележи на камерите на ЈПДП, речиси и да нема возило на ГП „Богородица“.
Претходно туристи од регионот на Фејсбук групата „Грчка инфо“ објавија дека на „Евзони“ морале да чекаат дури и до три и пол часа, поради пад на системот на грчката страна од границата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.