Бајден се повлече од претседателската трка

од Nikola Popovski
80 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден се откажа од кандидатурата на претстојните претседателски избори во таа земја, јавуваат светските медиуми.

Потегот на Бајден доаѓа четири месеци пред Американците да излезат на гласање и претставува еден од клучните моменти на кампањата.

Преку писмо објавено на социјалните мрежи, американскиот претседател наведува дека „во најдобар интерес на мојата партија е да се повлечам и да се фокусирам исклучиво на исполнување на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат“, напишал Бајден.

„Најголема чест во мојот живот беше да служам како претседател на САД. Иако мојата намера беше да се кандидирам за реизбор, верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и земја да се повлечам и да се фокусирам на исполнување на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат“, истакнал меѓу другото Бајден.

Во претходните недели имаше интензивен притисок во Демократската партија по лошиот настап на Бајден во телевизиската дебата со Доналд Трамп кон крајот на јуни. Бајден се соочуваше со зголемени повици да се повлече поради загриженоста за неговата возраст, здравје и способност да ја води земјата.

Слични содржини