„Прогресивен потпретседател“: Која е Камала Харис, која Бајден ја предложи за кандидат за претседател на САД?

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден, откако објави дека се повлекува од претседателските избори, изјави дека ќе ја поддржи потпретседателката Камала Харис.

„Мои колеги демократи, решив да не ја прифатам номинацијата и да ја фокусирам целата моја енергија на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат. Мојата прва одлука како партиски кандидат во 2020 година беше да ја изберам Камала Харис за мој кандидат. И тоа беше најдобрата одлука што ја донесов. Денеска сакам да ја понудам мојата целосна поддршка Камала да биде кандидат на нашата партија оваа година. Демократи – време е да се собереме и да го победиме Трамп. Ајде да го направиме тоа“, напиша Бајден на X, објаснувајќи ја својата одлука да се повлече.

Харис, родена на 20 октомври 1964 година, е првата афроамериканска потпретседателка на САД, како и жена на таа позиција.

Инаку, таа беше во трка за номинација на демократите за американски претседател, а медиумите и го дадоа епитетот „женски Обама“.

Таа се претстави како „прогресивна обвинителка“, кандидат кој може да го обедини електоратот, да ја мотивира базата на млади гласачи и беше на страната на поумерените демократи.

Сепак, Бајден победи.

Харис (55) е дете од мешан брак – татко од Јамајка и мајка од Индија.

Дипломирала политички науки и економија на Универзитетот Хауард, кога, како што еднаш кажала, се формирала како личност и стекнала важни животни искуства.

Студирала право на Универзитетот Хестингс во Калифорнија.

Таа беше државен обвинител на Калифорнија шест години пред да стане првиот афроамерикански сенатор во државата.

Автор е на три книги, меѓу кои и една за деца.

Таа е во брак со Даг Емхоф, корпоративен адвокат. Таа се опишува себеси како „тежок“ шеф, а нејзиното мото е: „Можеби си прв, но гледај да не си последен“.

Слични содржини